Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2015

Грујиќ во Ливерпул за 7 милиони евра

Црвена Звезда и Ливерпул се договорија за трансфер на Марко Грујиќ за 7 милиони евра, пренесоа англиските медиуми.

Грујиќ од јануари ќе биде играч на Ливрпул, но ќе остане како позајмен играч на Звезда што пак „црвено-белите “ ќе ги чини еден милион евра.
Покрај тоа Звезда ќе добие 10% од следниот трансфер на Грујиќ, а 19 годишниот фудбалер ќе потпише петгодишен договор.
За Грујиќ наводно бил заинтересиран и Интер, но Јирген Клоп ги убедил челниците на „црвените“ да го доведат веднаш младиот репрезентативец од Србија, кој ќе му биде првото засилување откако дојде на „Енфилд роуд“ минатата есен.
Тој дебитираше во мај 2013 година, а оваа сезона ги предводи „црвено-белите“ на патот кон втората титула во последните девет години. Постигна пет голови со шест асистенции.
Беше член на младинската репрезентација на Србија која стана првак на светот во Нов Зеланд минатото лето.

Најнови вести