Корисничко име Лозинка Пријави се
22.10.2015

Алегри бесен: Моравме да дадеме барем еден гол

Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, беше многу лут на своите напаѓачи по ремито (0-0) со Менхенгладбах во Лигата на шампионите.

Тимот од Торино имаше добра можност со триумф над германскиот претставник да дојде на чекор од пласман меѓу најдобрите 16 екипи во Европа, но мрежата на Менхенгладбах остана недопрена.
„Моравме да постигнеме гол во повеќе ситуации. Создадовме доста шанси, некои играчи беа себични и избираа погрешни одлуки во завршницата. Бесен сум бидејќи мораа да бидат значително подобри пред голот на Менхенгладбах“, изјави Алегри, а пренесува „Спорт Медијасет“.
Јувентус и понатаму го држи првото место во групата Д со седум бодови, еден повеќе од Манчестер сити, Севилја има три, а Менхенгладбах еден.
Четирикратниот последователен шампион на Италија по заминувањето на клучните играчи Карлос Тевес, Андреа Пирло и Артуро Видал, оваа сезона не е многу ефикасен, по осум кола во Серија А постигна само девет голови, додека во Лигата на шампионите има четири погодоци во три натпревари.

Најнови вести