Корисничко име Лозинка Пријави се
22.7.2015

Грците повторно без селектор

Фудбалската репрезентација на Грција повторно остана без селектор. Серџо Маркаријан вчера си поднесе оставка на селекторската функција само по пет месеци работа.

Седумдесетгодишниот Маркаријан на местото селектор го наследи Клаудио Раниери, кој имаше многу лоши резултати со грчката репрезентација.
По ремито со Унгарија и поразот во пријателскиот натпревар со Полска, Грција беше поразена од Фарските Острови, со што ги загуби шансите за пласман на Европското првенство 2016 година, па Маркаријан реши да си поднесе оставка.
„Дојдов да бидам селектор на Грција во критичен момент за оваа репрезентација. Им се извинувам на грчките фанови бидејќи резултатите во овој кризен период не беа добри. Му благодарам на Бога што ми беше укажана можност да работам во оваа репрезентација, благодарен сум и на фудбалерите и на навивачите за дадената поддршка, но сметам дека сега е вистинскиот момент да си кажеме збогум“, изјави 70-годишниот селектор за грчките медиуми.
Маркаријан се врати во Грција откако порано имаше работено како шеф на стручниот штаб на Ираклис, Панатинаикос и на Јоникос.

Најнови вести