Корисничко име Лозинка Пријави се
12.2.2015

Серхио Маркаријан нов селектор на Грција

Уругвајскиот стручњак Серхио Маркаријан е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Грција, објавено е денес.

Тој ќе го наследи Клаудио Раниери, кој поради катастрофалниот старт во квалификациите за Европското првенство 2016 година ја напушти клупата на Грција.
„Господинот Маркаријан е нов селектор на репрезентацијата, едногласно одлучи извршниот одбор според предлогот на поранешниот капитен Јоргос Карагунис“, се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Грција.
Маркаријан во богатата тренерска кариера предводеше тимови од Мексико, Перу, Чиле, а пет години ги помина и во Грција, тренирајќи ги Ираклис, Панатинаикос и Јоникос.

Најнови вести