Корисничко име Лозинка Пријави се
26.2.2015

Суспендиран фудбалот во Грција

Владата на Грција ја суспендира фудбалската Суперлига на неопределено поради честите насилства на стадионите, пренесе „Ројтерс“.

Највисоките грчки спортски официјални лица вчера предупредија дека Лигата ќе биде суспендирана доколку 18-те клубови не воведат систем од сигурносни камери на стадионите, како и таканаречените смарт картички – влезници за идентификација на гледачите.
Одлуката за суспензија на Лигата доаѓа по нередите од минатиот викенд на натпреварот меѓу вечните ривали Олимпијакос и Панатинаикос, како и поради тепачката што се случи меѓу клупските официјални лица во текот на состанокот на Лигата во вторникот.
„Информирани сме дека Суперлигата и Лигата се суспендирани на неопределено време“, изјави Јоргос Боровилос, претседателот на грчката Суперлига.
Грчката лига веќе два пати беше суспендирана оваа сезона поради навивачки нереди на стадионите.
Ставрос Контонис, заменик-министерот за спорт во новата Влада на Грција, за приватната телевизија „Скај“ изјави дека Лигата нема да почне наредната сезона доколку не се применат долго одложуваните безбедносни мерки.
Контонис во текот на денот би требало да се сретне со највисоките фудбалски официјални лица и со премиерот на Грција, Алексис Ципрас.

Најнови вести