Корисничко име Лозинка Пријави се
27.4.2011

Сезоната за Станковиќ заврши?

На последниот натпревар на Интер, оној во саботата против Лацио (2-1), се повреди 32-годишниот српски фудбалски репрезентативец Дејан Станковиќ и го напушти теренот во текот на второто полувреме.

Медицинските тестови покажаа дека Станковиќ го повреди абдукторот на левата нога, а во моментов сосема е веројатно дека повеќе нема да може да му помогне на својот клуб во завршницата на сезоната. До крајот на Серија А останаа четири кола, а Интер се наоѓа на второто место, со осум бодови помалку од лидерот Милан.

„Станковиќ се здоби со тешка повреда на абдукторот, која лекарите ја третираа како втора по оцена на тежината. Веројатно сезоната заврши за него“, пишува на официјалната интернет-страница на клубот од Милано.

Оваа сезона Станковиќ во Серија А одигра 25 натпревари и постигна пет погодоци.

Најнови вести