Корисничко име Лозинка Пријави се
03.12.2014

Асамоа четири месеци надвор од теренот

Квадво Асамоа, фудбалерот на Јувентус, поради повреда на коленото, од теренот ќе отсуствува четири месеци, соопшти шампионот на Италија на официјалната интернет-страница.

Репрезентативецот на Гана се повреди минатата седмица на тренинг и веќе отпатува во Барселона, каде што ќе му биде извршена операција.
Поради повредата, Асамоа ќе го пропушти Африканскиот куп на нациите, кој се игра од 17-ти јануари до осми февруари 2015 година во Екваторска Гвинеја.
Тој во 2012 година направи трансфер од Удинезе во Јувентус, одигра 87 натпревари и постигна пет голови.
За репрезентацијата на Гана настапи 66 пати и даде четири голови.

Најнови вести