Корисничко име Лозинка Пријави се
02.12.2014

Брахими најдобар играч на Африка

Алжирецот Јасин Брахими, фудбалерот на Порто, вчера беше прогласен за најдобар африкански фудбалер во 2014 година.

Во конкуренција беа Нигериецот Винсан Енјеама (Лил), фудбалерот на Габон Пјер-Емерик Обамејанг (Борусија Дортмунд) и фудбалерите од Брегот на Слоновата Коска Јаја Туре (Манчестер сити) и Жервињо (Рома).
Гласаа навивачите од сите регистрирани сојузи во Светската фудбалска федерација.
Брахими покажа добра игра на Светското првенство во Бразил ова лето и го предводеше Алжир до осминафиналето, прв пат во историјата.
„Ова е голема чест за мене. Оваа награда ја посветувам на Алжир и на другите африкански нации. Оваа година беше одлична за мене и ќе настојувам да се развивам и да освојувам трофеи за мојот клуб Порто“, изјави Брахими за официјалната интернет-страница на Порто.
Брахими е прв Алжирец кој е прогласен за најдобар африкански фудбалер на годината.

Најнови вести