Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2014

Тевес: Задоволство е да се игра со Лео

Карлос Тевес, напаѓачот на Јувентус, изјави дека е воодушевен од враќањето во националниот тим, како и дека едвај чека повторно да заигра со Лионел Меси.

Херардо Мартино го врати Карлито меѓу „гаучосите“ по пауза од три години, откако поранешниот селектор, кој ја доведе екипата до финалето на Мундијалот во Бразил, имаше отворен судир со Тевес.
„Сакам да играм со Меси, тој е број еден. Најдобриот играч на светот, а мислам дека тоа го повторив многу пати низ својата кариера. Да се игра покрај него е најголемо задоволство кое може да доживее еден фудбалер“, изјави Тевес.
Аргентина вечерва игра пријателски натпревар со Хрватска, додека на 18-ти ноември ја очекува дуел со Португалија.
„Се сретнавме неодамна на некој хуманитарен настан, разговаравме многу, големи пријатели сме, во разговорот се задржавме сигурно час и половина“, додаде напаѓачот на Јувентус.
„Сега е вистинско време да се вратам во националниот тим, а со оглед на тоа дека се наоѓам во одреден дел на својата кариера, сметам дека враќањето е многу важно. Се чувствувам добро, среќен сум, постигнувам голови... Порано додека бев член на државниот тим не сфаќав што значи тоа, но сега сè ми е јасно“, изјави Тевес.

Најнови вести