Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2014

Инзаги: Милан нема што да загуби против Јувентус

Тренерот на Милан, Филипо Инзаги, изјави дека Јувентус е фаворит во натпреварот од третото коло на Серија А, но и дека неговиот тим нема што да загуби на тој дуел.

Двете екипи после две кола на италијанското првенство имаат максимални шест бодови, па барем еден тим ќе мора да го расипе ефектот по дербито.
„Тоа ќе биде голем натпревар и едвај чекам да почне. Јувентус е под поголем притисок, мојата екипа нема што многу да загуби. Знаеме дека Јувентус е силен, но ние играме на домашен терен и тоа е предност. Мораме да одиграме совршен натпревар доколку мислиме да победиме. Торинскиот тим е фаворит, нема примено гол во Серија А уште од 28-ми април“, изјави Инзаги на прес конференцијата пред натпреварот.
Тој истакна дека од „росонерите“ уште не може да се очкува да играат на исто ниво како шампионот на Италија.
„Не знам колку сме послаби од Јувентус, но знам дека мојот тим може уште многу да напредува. Уште не сме на исто ниво, но во еден натпревар сè е можно. Верувам дека гледачите ќе уживаат“, заврши Инзаги.
Натпреварот се игра вечерва во 20:45 часот на „Сан Сиро“.

Најнови вести