Корисничко име Лозинка Пријави се
14.7.2014

Марадона: Го сакам Лео, но ова е срамно

Легендата на аргентинскиот и светскиот фудбал, Диего Марадона, изјави дека Лео Меси не ја заслужи наградата за најдобар фудбалер на Светското првенство во Бразил.

„Меси? Јас би му го дал рајот ако е тоа можно. Го сакам, но неумесно е некој да освои нешто само заради маркетиншки план“, изјави Марадона.
Капитенот на „гаучосите“ е прогласен за најдобар фудбалер на Мундијалот, иако репрезентацијата на Аргентина загуби во финалето од Германија по продолженија со 1-0.
„Жал ми е за мојата земја. Голот на Марио Геце навистина боли. Имам голема тага во моето срце што загубивме во финалето. Кога сè ќе се собере, мислам дека Аргентина заслужи најмалку пенали. Победата на Германија е резултат на недоразбирање во нашата одбрана“, кажа Марадона за аргентинските медиуми.
„Во овој момент наградата воопшто не ме интересира, најважно е да се подигне трофејот“, изјави Меси по финалето.
„Ме боли што изгубивме на ваков начин. Бевме близу до пеналите. Мислам дека заслуживме повеќе. Германците ја контролираа играта, но ние имавме подобри шанси“, заврши разочараниот капитен на Аргентина.

Најнови вести