Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Римска провокација до Барса

Фотографија на Лионел Меси во дрес на Рома ги налути фановите на каталонскиот клуб. Италијанците бараат одмазда за „кражбата“ на Малком

Откако Барселона „пред нос“ ѝ го украде Малком, оставајќи ја Рома во шок, сега Италијанците се обидуваат да ѝ вратат на Барса, и тоа со удар каде што најмногу ќе ја боли. Односите на двата клуба се влошија откако договорениот трансфер на Малком во Рома пропадна во последен момент, поради тоа што за него пред самото заминување во Рим дојде понуда од Барса, па Бразилецот реши да се пресели на „Камп ноу“.
Во Рома велат дека на Барселона ќе ѝ ја простат „кражбата“ само доколку им го продаде Лионел Меси. Тоа е речиси невозможна мисија, но „римската волчица“ не се предава. 
„Ништо не е сменето. Уште сакаме да го купиме Меси“, е пораката од претседателот Џејмс Палота, притоа објавувајќи фотографија од Аргентинецот во дрес на Рома. 
Фановите на Барса реагираа со коментари дека клубот треба да ја тужи Рома поради тоа што објавува слики од фудбалер на друг тим, а Рома веќе купи еден член на Барселона, тоа е Франческо Калво, кој ќе работи како финансиски директор во Рома.  

 

Најнови вести