Корисничко име Лозинка Пријави се
25.12.2013

Демпси официјално на заем во Фулам

Американскиот фудбалер Клинт Демпси ќе игра на двомесечен заем за екипата на Фулам, потврди англискиот премиерлигаш.

Репрезентативецот на САД, моментно член на Сиетл саундерс, ќе ја искористи паузата во американската МЛС-лига и ќе му помогне на клубот за кого претходно со голем успех играше пет и пол сезони.
Демпси меѓу 2007 и 2012 година за Фулам одигра 225 натпревари и постигна 50 голови.
„Добро се чувствувам, отсекогаш сум сметал дека ова е мојот дом во Европа. Возбуден сум што се враќам, да бидам дел од овој тим и да играм во оваа лига“, изјави 30-годишниот фудбалер за интернет-страницата на клубот.
Демпси додаде дека играњето во Премиер лигата ќе му помогне да ја изостри формата пред Светското првенство во Бразил.
Фулам моментно го зазема претпоследното место на табелата со 13 бодови и му претстои неизвесна борба за опстанок.

Најнови вести