Корисничко име Лозинка Пријави се
10.6.2013

Витор Переира од Порто во Саудиска Арабија

Витор Переира, 44-годишниот неодамнешен тренер на Порто, кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. Вчера е потврдено дека ја презема клупата на Ал-Ахли.

Переира стана тренер на Порто во 2011 година, по заминувањето на Андре Вилаш-Боаш, кому му беше помошник. Во две сезони освои две шампионски титули на Португалија, а потоа одлучи среќата да ја побара на друга адреса.
Во Ал-Ахли ќе го наследи српскиот стручњак Александар Илиќ, кој во март ја презеде екипата, но не успеа да ја однесе подалеку од петтото место во националното првенство.
На местото на Переира, тренер на Порто стана 40-годишниот Пауло Фонсека, кој минатата сезона сензационално го одведе Пакос де Фереира до третото место во првенството и квалификациите за Лигата на шампионите.

Најнови вести