Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2013

Џо Ален нема да игра до крајот на сезоната

На Велшанецот Џо Ален, играчот од средината на теренот на Ливерпул, во текот на оваа седмица треба да му биде извршен оперативен зафат поради повредата на рамото, па ќе биде надвор од теренот до крајот на тековната сезона.

Дваесет и тригодишниот играч овој проблем го има уште од октомври минатата година, но сепак настапуваше за тимот на Брендан Роџерс за да ја огложи предвидената пауза од три месеци.
Повредата му се влоши во текот на саботниот премиерлигашки натпревар на Ливерпул против Саутхемптон (пораз од 1-3). Тој беше заменет на полувремето и беше одлучено да му биде извршена операција во текот на оваа седмица за да биде фит за подготвителните тренинзи пред стартот на новата сезона.
Состојбата на Ален, исто така, го принуди да се повлече од настапите на репрезентацијата на Велс во квалификациите за Светското првенство против Шкотска на „Хемпден парк“ во петок, како и против Хрватска на „Либерти стадионот“ на Свонси следниот вторник.

Најнови вести