Корисничко име Лозинка Пријави се
09.1.2013

Милан без Робињо и Абијати против Јувентус

Во денешниот четврт-финален дуел од Купот на Италија на гостувањето кај шампионот Јувентус Милан ќе биде ослабен поради неиграњето на бразилскиот напаѓач Робињо и првиот голман Кристијан Абијати.

Робињо не е целосно физички подготвен откако неговиот тренажен процес беше прекинат поради неуспешните преговори околу трансферот во Сантош, а Абијати има проблем со бедрениот мускул и поради тоа нема да може да настапи на гол-линијата.
Во составот на „росонерите“ по одработената суспензија се враќа одбранбениот фудбалер Филип Мексес, а на подолгиот список на повредени фудбалери уште се наоѓаат Кевин Констант, Марио Јепес, Џамел Мезбах, Даниеле Бонера, Кристијан Запата, Сули Мунтари и Најџел де Јонг.

Најнови вести