Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2012

Бомбашкиот напад во Тел Авив ја одложи средбата од Лига на Европа

Денес, утрово околу 10.30 минути, во центарот на Тел Авив експлодира бомба во еден автобус, по што натпреварот од петтото коло на Лигата на Европа меѓу Хапоел Ирони Кирјат и Атлетик Билбао е одложен.

Европската фудбалска организација одлучи да ја одложи средбата меѓу израелската и шпанската екипа од сигурносни причини,така што фудбалерите на Атлетик Билбао, минатогодишните финалисти на Лигата на Европа, останаа во Баскија, иако во 13.30 часот имаа лет за Тел Авив. Натпреварот на распоредот беше утре.
Според првите информации од Израел, 20-тина лица се повредени, од коишто неколку се во критична состојба.
Ваквата одлука на УЕФА само за кратко го одложи неизбежното испаѓање на баскиската екипа по натпреварувањето по групи на Лигата на Европа. По четири кола Атлетик на своето конто има еден единствен бод, односно шест помалку од второпласираната Спарта Прага, на која ѝ е доволен само уште еден бод за пласман во нокаут-фазата на натпреварувањето. Францускиот Лион со 12 бодови веќе го осигури пласманот понатаму.

Најнови вести