Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2012

Дијаките ново засилување за Квинс парк

Самба Дијаките, репрезентативецот на Мали, од редовите на францускиот Нанси ќе го облече дресот на Квинс парк ренџерс до крајот на сезоната, како играч на заем.

Тој доби дозвола од Алeн Жирeс, селекторот на Мали, да замине од Габон, каде што со својата репрезентација настапува на Африканскиот куп на нации, за Лондон и да го потпише својот нов договор.
„Полицајците“ ќе имаат опција трајно да го откупат договорот на Дијаките, но условот е тимот да избори опстанок во Премиер лигата, каде што се наоѓа на шеснаесеттата позиција, само со два бода повеќе од тимот кој се наоѓа во зоната за испаѓање.
Дијаките игра на заем како дефанзивен играч за врска, а терминот за приклучување на овој фудбалер кон новиот клуб ќе зависи од успехот на Мали на континенталниот собир.

Најнови вести