Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Роналдо: Не сум опседнат со себе, ама убав сум!

Португалската суперѕвезда мисли дека природата го надарила со убавина

Кристијано Роналдо покрај тоа што пет пати во кариерата е прогласуван за најдобар фудбалер на светот, внимание привлекува и со својот физички изглед. Мажите го критикуваат дека претерува со опседнатоста за сопствениот физички изглед, а португалската суперѕвезда не мисли така. 
„Не мислам дека сум опседнат со тоа да изгледам добро. Изгледам добро бидејќи сум убав“, рече 33-годишниот Роналдо, кој веднаш по овие зборови почна да се смее и додаде дека се шегува. 
Тој смета дека не треба само жените да изгледаат и мирисаат добро. 
„Мислам дека е важно да се изгледа добро, средено и да се мириса убаво. Тоа не треба да важи само за женскиот пол. Девојките сакаат дотерани мажи. Мојата девојка сака, мајка ми, сестрите, сите жени околу мене сакаат да ме гледаат кога сум свечено облечен. Тоа е дел од нашата човечка култура, не е опсесија. Детали може да направат разлика“, објаснува напаѓачот на Јувентус.

 

Најнови вести