Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Манчестер јунајтед е во цајтнот, стоперите се проблем за „црвените ѓаволи“

Манчестер јунајтед има проблем со стоперската позиција, а играчите за кои се заинтересирани „црвените ѓаволи“ редум ги одбиваат понудите

Жозе Мурињо побара од раководството на Манчестер јунајтед да се ангажира квалитетен стопер, но работите одат тешко за најтрофејниот англиски клуб. Понудата за Тоби Алдервирелд заглави, а од Тотенхем одговорија дека Белгиецот не е за продажба. Барселона ја одби понудата за Џери Мина, а Лестер бара фантастични 75 милиони фунти за да го ослободи Хари Мегваер, кој беше вистинско откритие на  Мундијалот во Русија.
Срамежливо се споменува и евентуален ангажман на Џером Боатенг, за кого Баерн Минхен бара повеќе од 25 милиони евра, колку што нуди Манчестер јунајтед. Времето до крајот на преодниот рок во Англија брзо тече, па јасно е дека „црвените ѓаволи“ се во цајтнот, во обидот да ангажираат квалитетен стопер.

 

Најнови вести