Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2018

Реми на „Енфилд роуд“, стоти гол на Кејн и грешка на судијата Мос

Во дуелот меѓу Ливерпул и Тотенхем имаше сè. И на крајот реми на „Енфилд роуд“. Клоп со причина ќе биде бесен на судиите, коишто директно имаа влијание на исходот на овој дуел.

Ливерпул поведе само по две минути игра, а грешката на одбраната на Тотенхем ја искористи Мохамед Салах за неговиот 20-ти гол во Премеир лигата.
Неколку феноменални шанси на двете страни, грешки, гужва во шеснаесетникот на двата тима и добрите реакции на Кариус и на Љорис го обележаа натпреварот до 80-тата минута.
Ливерпул како што поведе така и го испушти водството. Ванјама влезе во игра во 79-тата минута, а веќе во следната погоди за 1-1, по големата грешка на Емре Џан, кој практично му ја додаде топката на Ванјама.
Во 85-тата минута од средбата, Кариус им стана херој на навивачите на Ливерпул кога го одбрани пеналот на Хари Кејн.
На пеналот му претходеше напад на „петлите“ во којшто Хари Кејн беше во офсајд, но нападот продолжи, Кариус го сруши во казнениот простор и судијата, по консултацијата со помошникот,  остана на одлуката да се изведе пеналот.
Мохамед Салах со одличниот потег и голот во првата минута од продолжението му донесе ново водство на Ливерпул, но судијата Џонатан Мос, одлучи уште еднаш да се вмеша во дуелот, кога неоправдано досуди нов пенал за Тотенхем.
Овој пат Хари Кејн ја погоди мрежата и го постигна стотиот гол во Премиер лигата за конечен резултат 2-2.

Најнови вести