Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2017

Клајн уште три месеци надвор од теренот

Се очекуваше дека Натаниел Клајн многу брзо ќе биде во погон откако се врати на тренинзите во септември, но не одигра ниту еден натпревар во Премиер лигата и беше очигледно дека има проблеми со грбот.

Проблемите со грбот продолжиле и на Клајн повторно морало да му биде извршена операција, поради што треба дополнително да се чека тој да се врати на терен.
По најновата операција, Јирген Клоп е известен дека Клајн во конкуренција за тимот ќе може да биде дури во февруари наредната година, што е голем хендикеп за Ливерпул.
Бидејќи проблемот на Клајн станува поголем, тој би можело да го изгуби и местото за Мундијалот во Русија, доколку не успее да се врати во старата форма.
Џо Гомез и Александер-Арнолд Трент се играчите коишто ќе одговараат за должностите на таа позиција.

Најнови вести