Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2017

Добри вести за Клоп: По Мане, се враќа и Лалана

По речиси тримесечна пауза, на теренот се враќа Адам Лалана, и тоа во затворениот пријателски натпревар на Ливерпул, кој на програмата е во текот на репрезентативната пауза.

Лалана не играше оваа сезона бидејќи се повреди во пријателскиот натпревар против Баерн Минхен во август. Играчот за врска на „црвените“ мораше да користи и патерици во еден период од закрепнувањето поради проблемите со бутот. Доколку во текот на тренингот не почувствува проблеми, се очекува да се врати на теренот по долгата пауза.
Менаџерот Јирген Клоп изјави дека се надева дека ќе може Лалана да го смести во составот за натпреварот против Саутхемптон на 18-ти ноември.
Ливерпул остана во контакт со Фудбалскиот сојуз на Сенегал со намера да го следи закрепнувањето на Садио Мане, кој на теренот се врати во неделата против Вест хем, а кој би требало да игра за репрезентацијата на Сенегал во натпреварите од баражот за Светското првенство.

Најнови вести