Корисничко име Лозинка Пријави се
21.10.2017

Клоп: Не знам кога ќе се врати Мане

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека не знае колку долго Садио Мане ќе отсуствува од теренот, кој се повреди во текот на настапот за репрезентацијата.

Мане на почетокот на месецот играше за репрезентацијата на Сенегал, кога ја повреди тетивата и поради тоа го пропушти дербито со Манчестер јунајтед (0-0), како и убедливата победа против Марибор (7-0) во Лигата на шампионите.
И покрај тоа,  Мане е повикан во репрезентацијата на Сенегал за натпреварот од квалификациите за Светското првенство против Јужна Африка на средината на ноември.
Алиу Сисе, селекторот на Сенегал, изјави дека не се сомнева дека Мане ќе биде во државниот тим за тие дуели и дека ќе биде сто отсто подготвен.
Сисе додаде дека Мане наредната недела ќе почне со посилни тренинзи, но Клоп денес изјави дека е збунет со овие тврдења, пренесува „Скај“.
„Не знам како може тој да го знае тоа. Јас не знам. Садио сè уште е на рехабилитација и таква е моментната состојба. Ако биде порано подготвен, ќе бидам среќен, но во овој момент никој не го знае тоа и немам што да кажам повеќе. Сенегал го очекуваат многу важни натпревари, мислам дека им треба бод да се пласираат, се надевам дека ќе успеат“, изјави менаџерот на Ливерпул.
Тој додаде дека во репрезентацијата на Сенегал веројатно чувствуваат мал притисок, но дека ситуацијата не може да се промени.
„Ако Садио е подготвен, ние тоа не можеме да го сокриеме, зошто би го криеле? Ако е подготвен, ние нема да можеме да направиме ништо да го задржиме овде и тој ќе отиде во репрезентацијата на Сенегал“, изјави Клоп.

Најнови вести