Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2016

Тевес со солзи ја напушти Бока

Аргентинскиот фудбалер Карлос Тевес се солзи се збогува од Бока јуниорс во неговиот последен натпревар, во победата од 4-1 над Колон, бидејќи кариерата ќе ја продолжи во Кина.

Тевес на две минути пред крајот, при измената доби овации од Бомбонерата, а некои навивачи истрчаа на теренот и му се поклонија, по што 32-годишниот напаѓач не можеше да ги сокрие солзите.
Тевес ја напушта матичната Бока незадоволен од финансиската состојба од клубот, додека во новиот тим, Шангај Шенхуа, ќе заработи 80 милиони долари за две сезони.
На тој начин тој ќе ги надмине двата најдобри играчи на денешницата, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, и ќе стане најплатен фудбалер во историјата на фудбалот.
Тевес во својот втор мандат во саканиот клуб беше 18 месеци, а во текот на кариерата играше за: Коринтијанс, Вест хем, Јувентус и клубовите од Манчестер, Сити и Јунајтед.

Најнови вести