Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2016

Тевес го одби Челзи: Во Бока до пензија

Аргентинецот Карлос Тевес ги демантираше сите шпекулации за можното враќање во Европа.

Последните седмици медиумите шпекулираат дека Тевес би можел да заигра за Челзи, Наполи, Интер, па дури и за Вест хем.
„Нормално дека останувам во Бока, бидејќи сите приказни за моето заминување се шпекулации и ништо повеќе. Секогаш е вака, по некој неуспех, веднаш се прави ‘шпанска серија’, но веќе се навикнав. Себе се гледам во дресот на својот сакан клуб и ништо друго... Ќе останам дури и да се јават Наполи и Челзи, бидејќи овде сакам да ја завршам кариерата“, изјави Тевес.
Тевес се врати во омилениот клуб минатото лето од Јувентус, а претходно играше за Манчестер сити, Јунајтед, Вест хем и Коринтијанс. Со Бока ја освои двојната круна, а своевремено и Копа Либертадорес.
„Потпишав тригодишен договор, а ни тогаш, како ни сега, немав ни трошка сомнеж во тоа колку го сакам овој клуб и овој дрес. Еве ви приказна, ќе ја завршам кариерата и ќе станам професионален играч во голф“ заклучи Карлос.

Најнови вести