Корисничко име Лозинка Пријави се
01.10.2016

Судбината на Сон во Тотенхем зависи од воениот рок

Иднината на Сон Хонг-Мин, фудбалерот на Тотенхем, во англискиот клуб е неизвесна бидејќи во наредните три години ќе мора да го отслужи воениот рок.

Репрезентативецот на Јужна Кореја во оваа сезона блескаше во дресот на „петлите“, а својот петти гол го постигна во второто коло на Лигата на шампионите и со тоа му ја донесе победата на својот тим во натпреварот со ЦСКА.
Но, неуспехот на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја да го освои медалот на Олимписките игри ова лето, ги зголеми шансите дека 24-годишниот фудбалер ќе мора да го заврши служењето на воениот рок.
Воениот рок во Јужна Кореја трае 21 месец и мора да се заврши пред 28 години, што значи дека талентираниот фудбалер во странство би можело да игра до јули 2019 година.
Законот во Јужна Кореја на спортистите коишто ќе освојат медали на Олимписките или азиските игри им овозможува да го избегнат служењето на воениот рок, но е потребно четири седмици да одработат воена обука.
Парк Ји-Сунг, најпознатиот фудбалер од Јужна Кореја и поранешен играч на Манчестер јунајтед, го избегна одењето во војска бидејќи стигна до полуфиналето на Мундијалот, а на Ки Сунг-Јуенг, сегашниот играч на Свонси, му е одредено да служи еден месец бидејќи го освои медалот во Лондон со репрезентацијата.
Но, Сон со репрезентацијата не успеа да дојде до медал бидејќи натпреварувањето го заврши во четврт-финалето, со поразот од Хондурас. Тоа значи дека последната шанса на играчот од Тотенхем е да освои медал на азиските игри 2018 година.
„По Игрите во Рио бев вознемирен, но по Олимпијадата морав да се фокусирам на сезоната во Англија. Не беше лесно, но моето семејство и моите соиграчи ме поддржаа и се чувствував посилен од претходно“, изјави поранешниот фудбалер на Баер Леверкузен и Хамбургер.
Репрезентативецот на Јужна Кореја ова лето беше блиску до трансфер во Манчестер сити, но состанокот со Маурисио Покетино пресуди тој да остане на „Вајт харт лејн“.

Најнови вести