Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2016

Калчо: Игуаин и Алегри најплатени

Гонзало Игуаин, центарфорот на Јувентус, со годишна плата од 7,5 милиони евра е најплатен играч на Серија А.

И во конкуренција на тренерите исто така прв е човек на „старата дама“, Масимилијано Алегри, кој заработува пет милиони евра, пренесува „Газета дело спорт“.
Игуаин по рекордниот трансфер на Апенините, од Наполи во Јувентус за 94 милиони евра, го презеде првото место од Даниеле де Роси, играчот за врска на Рома, кој заработува 6,5 милиони евра по сезона.
Јувентус е прв и според буџетот во Италија, само за плати издвојува 145 милиони евра, 25 милиони повеќе од Интер, Рома е трета со 92 милиони, а последен е Кротоне со 14 милиони евра.
На клупата, Алегри на врвот го замени Роберто Манчини, кој неодамна си отиде од Интер, каде што заработуваше 5,3 милиони евра, а интересно е тоа што Рома најмногу пари дава за тренерите, сегашниот Лучијано Спалети има три милиони, а Римјаните сè уште го исплаќаат и поранешниот Руди Гарсија со 2,8 милиони евра.

Најнови вести