Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2016

Јон Арне Рисе ја заврши кариерата

Поранешниот фудбалер на Ливерпул Јон Арне Рисе соопшти дека одлучи да ја заврши играчката кариера.

Рисе кој со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите во 2005 година, одигра 10 натпревари оваа сезона за својот клуб во Норвешка, тимот Олесун.
Тој се одлучи да се повлече бидејќи како што наведе сфатил дека повеќе не може да се носи со физичките барања на најсилните лиги.
„Мојата цел беше да играм до 40 години во најсилната норвешка лига, но тоа нема да се случи, сè се завршува. Сакам да играм фудбал, мотивацијата е секогаш голема, но ова тело и оваа глава поминаа многу во последните 20 години“, напиша Рисе на својата интернет страница.
Рисе има 35 години, за репрезентацијата на Норвешка одигра 110 натпревари за 14 години, а осум за Ливерпул покрај тоа што играше за Олесун настапуваше уште и за Монако, Рома, Фулам, АПОЕЛ и Делхи.

Најнови вести