Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2016

Варди ќе ја донесе одлуката по ЕВРО

Џејми Варди одлуката за трансфер од Лестер во Арсенал ќе ја донесе по Европското првенство во Франција.

Арсенал понудил 20 милиони фунти, колку што изнесува излезната клаузула на 29-годишниот напаѓач на Лестер. Сега е негов ред да одлучи дали ќе помине во редовите на „топчиите“.
Оваа вест ја потврди и неговиот колега од нападот Даниел Стариџ, кој изјави дека Варди е комплетно фокусиран на турнирот во Франција, каде Англичаните се вбројуваат меѓу фаворитите.
Иако се очекуваше одлуката да биде донесена во понеделникот или пак вторникот, очигледно е дека ќе мора да почекаме уште некое време.
 Англија првиот натпревар ќе го игра против репрезентацијата на Русија на 13-ти јуни. 

Најнови вести