Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2016

Арсенал ја активираше клаузулата на Варди

Како што дознава „Гардијан“ Арсен Венгер решил за најкраток можен рок да ја заврши работата околу доведувањето на Џејми Варди.

Имено „топчиите“ ја активирале излезната клаузула на Варди и со тоа се на добар пат да го донесат своето второ засилување во овој преоден рок, по Гранит Џака од Менхенгладбах, што би бил голем потфат и најава на „Емирати“ дека „топчиите“ се конечно решени сериозно да се вклучат на летниот трансфер пазар.
„Гардијан“ калкулира со сума од околу 20.000.000 фунти, колку што наводно изнесува клаузулата на првиот стрелец на Лестер. Варди, само да потсетиме, новиот договор со Лисиците го потпиша во февруари (на три и пол години) и доби значително зголемување на платата, но истиот извор наведува дека единствен начин новиот шампион да го задржи 29-годишниот стрелец е да му понуди нов договор.

Најнови вести