Корисничко име Лозинка Пријави се
20.5.2016

Дибала: Двојна круна за крај на успешната сезона

Напаѓачот на Јувентус Пауло Дибала изјави дека „старата дама“ со освојувањето на Купот на Италија на вистински начин ја заврши сезоната.

Јувeнтус оваа сезона убедливо ја освои петтата по ред шампионска титула и утре на „Олимпико“ стадионот во Рим ќе го игра финалето во Купот против Милан за „двојната круна“.
„Црно-белите“ ќе се обидат да станат прв тим во Италија која во две сезони по ред го освојува првенството и Купот.
„Сезоната ја започнавме со освојувањето на Супер купот во Шангај со победата против Лацио од 2-0 и би било одлично да ја завршиме со освојувањето на Купот. Тоа би било крунисување на сè што сме оствариле оваа сезона“, изјави Дибала.
Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри најверојатно ќе му даде шанса на голманот Нето, бидејќи сака да го одмори капитенот Џанлуиџи Буфон, а Нето бранеше во сите натпревари во Купот оваа сезона.
Алегри освен таа измена, утре вечер ќе го изведе најсилниот состав, предводен од Пауло Дибала и Марио Манџукиќ.
Натпреварот ќе го пропушти бекот Леонардо Бонучи поради суспензија, а Клаудио Маркисио и Сами Хедира поради повреда.
Милан во сезоната во Серија А заврши на седмото место и постои можност трета сезона по ред да не игра во европските натпреварувања.
Ако „росонерите“ го освојат Купот ќе се пласираат во групната фаза од Лигата на Европа. Исто така тоа би бил првиот трофеј на Милан од 2011 година, кога го освои Супер купот на Италија.
„Освојувањето на Купот би дал смисла во оваа сезона“, изјави играчот од средината на теренот на Милан, Џакомо Бонавентура.
Ако Јувентус го освои Купот, петопласираната Фиорентина ќе игра во групната фаза во Лигата на Европа, шестопласираниот Сасуоло ќе игра во квалификациите, а Милан ќе остане без Европа.

Најнови вести