Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2016

Ливерпул и Севилја за Европа трофејот и пласман во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Ливерпул и Севилја и ќе се сретнат вечер во Базел во 20:45 во финалето во Лигата на Европа.

Поважно за двата клуба од освојување на трофејот во ова натпреварување е тоа што победата го носи пласманот во Лигата на шампионите, за кој не се изборија во своите првенства. 
Севилја беше дури седма во Примера, па има огромен мотив по трет пат во низа да го освои ова натпреварување и повторно да се најде во европската елита. Ливерпул беше уште послаб во Премиер лигата, а навистина би било катастрофа со Јирген Клоп на клупата да не игра во Лигата на шампионите.
„Севилја има големо искуство во ваквите натпревари, но тоа не значи дека имаат предност. Ја освоија титулата два пати, но каква врска има тоа? Всушност никаква, бидејќи денес нè очекува сосема нов натпревар. Не играа против нас во финалето минатите години, тоа е нашата предност бидејќи сме поинакви од останатите и ќе се обидеме тоа да го искористиме“, изјави Клоп.
Клоп со своите клубови беше поразен на четири финалиња по ред, со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите и два пати во Купот на Германија, а со Ливерпул во англискиот Лига куп оваа сезона.
„Играме за да бидеме дел од најголемите натпревари. На крајот кариерата се сведува на она што си го освоил. Сите сакаат да играат во Лигата на шампионите, но ако на крајот завршиш без трофејот, а си играл шест сезони во Лигата на шампионите кому му е грижа за тоа. Би било голема штета да ја пропуштиме шансата по одличната игра во претходните натпревари“, изјави крилниот напаѓач Џејмс Милнер. 
Од друга страна пак, Севилја е најтрофејниот тим во Лигата на Европа и има шанса за прв пат од 1986 година да стане клуб со повеќе од две победи по ред.
„Се наоѓаме во третото по ред финале, тоа покажува колку сме гладни за трофејот и за успехот. Многу сме мотивирани, нè чека голем ривал, голем натпревар, како и пласман во Лигата на шампионите. Подготвени сме“, порача тренерот на Андалузијците, Унај Емери.
Најголемата опасност за голот на Ливерпул е Французинот Кевин Гамеиро, стрелец на 27 голови оваа сезона (5 асистенции), седум во Европа.
„Навикнавме на вакви натпревари. Ќе мораме да бидеме мирни, да останеме со ладна глава и да дадеме сè од себе. Најважна работа се победите. Знаеме дека ќе биде тешко, Ливерпул има одлични играчи и во одбраната и во нападот. Јас сакам ваков вид на притисок. Кога веќе нема да го чувствувам, ќе престанам да играм фудбал“, изјави Гамеиро.
Натпреварот на „Сент Јакоб“ ќе го суди шведскиот арбитер Јонас Ериксон.

Очекувани постави:
Севилја: Сорија-Маријано, Рами, Колоџејчак, Секудеро-Криховјак, Нзонзи-Коке, Банега, Конполјанка-Гамеиро;
Надвор од тимот: Крон Дели, Тремулинас
Ливерпул: Мињоле – Клајн, Ловрен, Туре, Морено - Џан, Милнер - Лалана, Кутињо, Фирмино - Стариџ.
Надвор од тимот: Роситер, Гомес, Сако

Најнови вести