Корисничко име Лозинка Пријави се
16.4.2016

Тројца фудбалери на Лестер во изборот за играч на годината

Тројца фудбалери на лидерот во Премиер лигата Лестер се на списокот кандидати за најдобар играч во Англија за сезоната 2015/16.

Во најтесниот избор се Ријад Марез, Џејми Варди и Н’голо Канте. Покрај нив за престижната награда конкурираат и Месут Озил од Арсенал, Дмитри Паје од Вест хем и голгетерот на Тотенхем Хари Кејн.
Варди и Кејн на пет кола до крајот на првенството се водечки стрелци и според сите прогнози токму тие двајца, заедно со Марез, имаат најголеми шанси да ја добијат наградата.
На списокот на кандидати за најдобар млад фудбалер се Кејн и Деле Али (Тотенхем), Ромелу Лукаку и Рос Баркли (Евертон) и Филипе Кутињо (Ливерпул).

Најнови вести