Корисничко име Лозинка Пријави се
15.12.2015

Ван Хал ги купува Стоунс, Лукаку и Џејмс Родригес

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Луис ван Хал, го подготви списокот за потенцијалните засилувања во јануари.

На списокот се наоѓа дуото од Евертон, Џон Стоунс и Ромелу Лукаку, како и ѕвездата на Реал Мадрид, Џејмс Родригес.
Ван хал има огромни проблеми со повредени играчи, дури деветмина беа надвор од конкуренцијата во поразот од Борнмут (2-1), поради што има желба да ја зајакне секоја позиција.
Лукаку оваа сезона постигна веќе 15 голови, а холандскиот стручњак мисли дека би бил компатибилен со Антони Мартијал и со Вејн Руни.
Нема да биде лесно да ги доведе тројцата споменати фудбалери, посебно бидејќи имаат сериозни улоги во своите клубови, но Ван Хал повторно ќе располага со голема сума на пари за засилувањата кои ги планира.

Најнови вести