Корисничко име Лозинка Пријави се
22.7.2015

Џикиќ доби отказ, Македонија без селектор

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Џикиќ доби отказ само 45 дена пред почетокот на Европското првенство во кошарка.

Оваа одлука која ја донесе комитетот за итност во МКФ во консултација со членовите на Управниот одбор е соопштена денес. Џикиќ доби отказ поради нарушената соработка и недоверба во органите на Федерацијата.
Раководството на Македонската кошаркарска федерација му се заблагодари на Џикиќ за досегашната работа со националниот состав и му посакува сè најдобро во понатамошната кариера. Џикиќ е селектор на Македонија од минатата година, кога без најдобрите играчи од Европското првенство во Литванија успеа нашата репрезентација да ја одведе на Европското првенство во Хрватска.
Овој потег е изненадувачки, особено што пред пред почетокот на Европското првенство и дуелот против Грција во Загреб остануваат уште 45 дена.
Од сабота во Охрид нашите кошаркари ги почнуваат своите подготовки, а селекторската функција ќе ја преземе Марјан Србиновски, кој ја водеше најдобрата машка селекција, а беше тренер и на Работнички и на Кожув.

Најнови вести