Корисничко име Лозинка Пријави се
25.2.2015

Алегри: Можевме и поубедливо

Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, беше задоволен од победата на својот тим над Борусија Дортмунд (2-1) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Можевме да искористиме уште некоја контра, но среќни сме што победивме. Секогаш морате да играте добро против тим каков што е Дортмунд, но ние игравме на домашен терен и можеби поради тоа тие беа помалку агресивни од вообичаено“, изјави Алегри.
„Резултатот е праведен, макар што можеби можевме да дадеме уште некој гол. Имавме неколку шанси, особено во второто полувреме. Мислам дека одигравме многу добро во продолжението. Знаеме дека се добар тим, но игравме како што сакавме и сè помина како што треба“, додаде тренерот на „старата дама“.
Алегри изјави дека овој натпревар се разликувал од оние коишто Јувентус ги игра во Серија А.
„Треба да се пронајде слабост кај ривалот и потоа таа да се искористи. Мислам дека Буфон немаше многу работа. Ни беше потребен ваков натпревар бидејќи во Серија А не сме навикнале 70 минути да играме без топка и да се браниме, но сега во второто полувреме ги правевме двете работи“, додаде Италијанецот.
Стрелец на првиот гол за Јувентус беше Карлос Тевес.
„Постигнаа гол по наша грешка, но генерално гледано, одигравме добар натпревар. Мислам дека реваншот ќе биде многу тежок, не само затоа што гостуваме, туку и затоа што во ова натпреварување никогаш не можете да го предвидите исходот“, изјави аргентинскиот напаѓач.
Реванш-натпреварот на програмата е на 18-ти март, на стадионот „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд.

Најнови вести