Корисничко име Лозинка Пријави се
19.1.2015

Џовинко потпиша за Торонто

Себастијан Џовинко, фудбалерот на Јувентус, кариерата ќе ја продолжи во Торонто, со кого потпиша договор до 2019 година.

Како што пренесува канадскиот „Спортснет“, незадоволен од минутажата во Јувентус, Џовинко одбил да го продолжи договорот со клубот од Торино.
Тој во јули ќе стане слободен фудбалер и ќе им се придружи на новите соиграчи, а наводно ќе заработува по седум милиони долари по сезона.
Торонто претходно ги ангажираше Мајкл Бредли, играчот на Рома, Џермејн Дефо од Тотенхем и американскиот интернационалец Џози Алтидор.
Џовинко кариерата ја почна во Јувентус, а настапуваше уште за Емполи и за Парма.
За репрезентацијата на Италија одигра 21 натпревар и постигна еден гол.

Најнови вести