Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2015

Триумф за Спорт Лајф во Прилеп

Во преполната сала „Арена Сонце“ во Прилеп, пред близу 2.500 гледачи, се одигра финалето од хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“. Во него, екипата на Спорт Лајф славеше против Кабелнет со 5:2.

По два гола за победничката екипа постигнаа Несторовски и Ацески, еднаш погоди Даноски. Здравески и Ф. Милошески „стрелаа“ за поразените. За екипата на Спорт Лајф, предводена од Оливер Варошаноски, настапија Д. Трајкоски, Макалоски, Ангелески, Мегленски, Стојковиќ, Ацески, Р. Трајкоски, Бошкоски, Несторовски и Даноски.
За најдобар играч на турнирот беше прогласен Зоран Даноски, најдобар стрелец е Илија Несторовски (Спорт Лајф), а најдобар голман Александар Игески (Кабелнет). Победникот доби пехар од градоначалникот Марјан Ристески, како и награда од 180 илјади денари. Од нив, победничката екипа донираше 20 илјади во собата за деца со аутизам во Болницата.
Третото место го освои Мистер АЈ (Охрид) по победата од 4:3 на пенали (1:1) против Ла страда.

Најнови вести