Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2018

Марјанчо, Мишко и Даниел на одмор со Sport Life

Марјанчо, Мишко и Даниел беа најуспешни типстери во Акцијата „Уплати за одмор“ на Sport Life обложувалници која траеше од 13-ти април до 7-ми јуни.

Најголемиот коефициент во Акцијата „Уплати за одмор“ го погоди Марјанчо И. од Скопје – 2095! Тикетот го уплатил на 26-ти мај во нашиот објект во ГТЦ и неговата мајсторија е наградена и со ваучер за одмор од 180.000 денари во Туристичката агенција „Стаф“! 
Мишко М. од Скопје на 26-ти април уплати добитен тикет со погоден коефициент 1593 и беше во водство цел месец, но на крајот сепак заврши на втората позиција, за што доби подарок ваучер од 120.000 денари! 
Даниел С. од Гостивар во уплатното место Гостивар 8 на 6-ти мај го уплати тикетот со коефициент од 855 и покрај добивката, доби и подарок ваучер за одмор во висина од 60.000 денари!
Дарко М. од Скопје со погоден коефициент од 458 и Ѓоко Д. Тетово со 415 се пласираа на четвртата и петтата позиција и двајцата добија подарок ваучер со 500.000 SL Маркет поени.
Игор С. од Струмица, Петре И. од Кавадарци, Кирчо А. од Струмица, Борјан Н. и Раде Ц. од Скопје ја комплетираат најуспешната десетка со подарок ваучер со 100.000 SL Маркет поени.
Во петок почнува Светското првенство во фудбал и Sport Life обложувалници, како и секогаш, подготви нови изненадувања за најдобрите типстери! 
Следете нè на www.sportlife.com.mk, www.fb.com/SportLifeBet, www.twitter.com/SportLifeBet и во нашите печатени изданија за следните акции!

Најнови вести