Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2017

Ваучери од 60.000 денари за Мирослав и Митре

Доделени се ваучерите за летување во aкцијата „Играј различно, уплати за одмор“, која траеше од 17-ти март до 24-ти април годинава. Во конкуренција беа тикетите со една комбинација уплатени со приложена Sport Life клуб-картичка кои содржеа најмалку шест различни типови.

Најголем погоден коефициент, 8592,1 имаше дваесет и шестгодишниот Мирослав Трајковски од Скопје, кој погоди десет типови и за уплата од 50 денари доби 429.605 денари и ваучер од 60.000 денари за летување од Т.А. Стаф од Скопје.
„Случајно го одиграв овој тикет со новите игри во понудата, не знаев дека можам да бидам во ‘игра’ и за одмор. Новите типови навистина се одлични, двојна шанса со голови, комбинираните типови, и тоа беше главната причина што го исполнив условот мојот тикет да учествува во акцијата“, почна Мирослав.
„Се обложувам од многу одамна, а ова ми е најголема парична добивка досега. Не сум во конкуренција во Типстер купот и не сум бил ‘добитен’ во другите акции и промоции на Sport Life.  Ваучерот за одмор е одличен бонус на големата добивка, што заедно со вашата понуда за обложување со најмногу игри и типови и највисоки коефициенти само покажува дека сте најдобри“, додаде Мирослав.
„Сè уште не сум размислил за која дестинација за летување ќе го искористам ваучерот, има време за тоа до лето“, заврши среќниот Мирослав.
Митре Димовски од Велес го имаше најголемиот коефициент со еден промашен тип - 24001.76! Уплатата од 20 денари можеше да му донесе добивка од 480.035 денари, но наместо тоа, и тој доби ваучер за летување од 60.000 денари.
Триесет и седумгодишниот Митре е наш редовен играч, а обложувањето го гледа како рекреација.
„Се обложувам одамна, но не на големи суми, ова ми еден вид занимација. Од новите игри ми се допаѓаат двојните шанси на полувреме и на крај и типовите за голови“, ни кажа Митре.
„Овој тикет беше случаен, обично играм системски тикети со неколку поголеми коефициенти.  Ги погодив другите типови, но Севилја не ѝ пружи некој поголем отпор на Барселона и не ја добив целата добивка“, продолжи Митре.
„Досега немам некоја поголема добивка, сега бев блиску до висока сума, но и ваучерот за одмор е убав подарок. Веќе имам испланирано еден одмор, а благодарение на Sport Life ќе одам и на втор“, заврши Митре. 
Покрај Мирослав и Митре, кои ги добија најголемите ваучери, уште четири типстери добија ваучери за одмор – Ејуп А. од Гостивар доби ваучер од 30.000 денари, Томче Т. од Босилово ќе може да летува со 20.000 денари и Ило С. од Македонски Брод доби ваучер од 10.000 денари.
На добитниците им посакуваме пријатен одмор, а на сите останати типстери многу среќа и успех во останатите акции и промоции на Sport Life обложувалници. Следете нè!


ДОБИТНИЦИ
Коефициент Објект Ваучер
8592.1 Кисела Вода 4 60.000 денари за летување
8085.56 Гостивар 1 30.000 денари за летување
3498.47 Босилово 20.000 денари за летување
2028.48 Македонски Брод 10.000 денари за летување
1955.14 Пехчево 2.000 денари за уплата

Коефициент (на погодените) Објект Ваучер
24001.76 Велес 2 60.000 денари за летување

Најнови вести