Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2016

Деан Стојковски ќе вози Пежо 208!

По финалето на петтата сезона на ТИПСТЕР КУПОТ, кое траеше од 27-ми мај до 11-ти јули, познат е новиот Типстер шампион на Македонија - скопјанецот Деан Стојковски со освоени 113.120 поени го доби највредниот подарок - автомобилот Peugeot 208.

По осум натпреварувачки месеци и пресметка на финалистите од 27-ми мај до 14 јули, заврши петтата сезона на ТИПСТЕР КУПОТ на Sport Life обложувалници!
Финишот на ТИПСТЕР КУПОТ и годинава донесе многу возбудувања! Конкуренцијата меѓу водечките беше многу силна, но новиот шампион го задржи водството и на крајот заслужено стигна до шампионскиот пехар и до главниот подарок .
Деан Стојковски од Скопје минатата сезона ја заврши на третата позиција, а годинава, со ланското искуство, стигна до титулата ТИПСТЕР број 1 во Македонија. Во големото финале се пласираше во март годинава, со второ место во генералниот пласман за месецот, а во финалето типуваше многу успешно и со предност од скоро 4.000 поени го освои првото место.
„Обложувањето ми е хоби, играм откако почна обложувањето во Македонија. Го следам спортот и продолжив со играта и по пласманот во финалето“, почна триесет и петгодишниот Деан.
„Минатата сезона доцна увидов дека обложувањето ’Во живо’ носи многу поени во ТИПСТЕР КУПОТ, многумина не го знаат тоа. ’Живото’ е џокерот, а за другото е потребно многу среќа. Најмногу се обложував на фудбалски натпревари, а кога имаше слаба понуда и на тенис и кошарка. Типувам по десет натпревари на тикет, со коефициент од околу 2 за натпревар, десетина тикети дневно“, продолжи Деан.
„Имав неколку убави тикети кои освен паричната добивка, ми донесоа и многу поени. Преку викендите ги имав поголемите уплати. Сега кога заврши ТИПСТЕР КУПОТ ќе одморам, финишот беше напорен, да наполнам батерии за новата сезона“, додаде петтиот Типстер шампион.
„Се  заблагодарувам  на  Sport  Life обложувалници  за  прекрасниот  подарок  и  на  сите  типстери  им  посакувам   среќа   во   новата   сезона“, заврши Деан.
Панчо и Андреј од ДНК со свој настап ја развеселија пригодната церемонија на доделувањето на главниот подарок, со што успешно е спуштена завесата на петтата сезона од единственото натпреварување за типстерите во Македонија.
На сите типстери им се заблагодаруваме за учеството, а сите останати ги покануваме да ги следат нашите активности на нашата интернет-страница www.sportlife.com.mk, на нашиот профил на „Фејсбук“ www.facebook.com/sportlifebet или на http://twitter.com/sportlifebet за сите новости за нашите акции и понуди и да ги уживаат сите поволности за членовите во ексклузивниот SPORT LIFE клуб.

ТИПСТЕР КУП - 5. СЕЗОНА
1.    С. Деан        113.120,2 поени
2.    Т. Марјанче    109.701,9
3.    Е. Сашко    107.342,1
4.    С. Драган    105.602,0
5.    Р. Зоран    90.069,8

Досегашни шампиони во ТИПСТЕР КУП
Сезона 2011/12:     Дарко Мицевски
Сезона 2012/13:     Михаил Караиванов
Сезона 2013/14:     Зоран Здравески
Сезона 2014/15:     Тоде Климевски
Сезона 2015/16:     Деан Стојковски

Најнови вести