Корисничко име Лозинка Пријави се
17.2.2017

Три iPhone 7 за најуспешните типстери

Тројцата типстери кои во периодот од 10-ти јануари до 9-ти февруари имаа добитен тикет со најголем вкупен коефициент уплатени како регуларен, микс или тикет во живо, покрај паричната добивка, добија и ексклузивен подарок од Sport Life обложувалници - телефон iPhone 7.

Најголемиот коефициент на регуларен тикет го погоди Сашо Мишевски - неверојатни 10191,57! Овој тикет четириесет и деветгодишниот скопјанец го уплатил два пати по 50 денари и му донел вкупна добивка над еден милион денари!
Со Сашо се сретнавме во нашиот локал во ГТЦ, каде што е и уплатен тикетот:
„За добитниот тикет се погодија неколку работи“, почна Сашо и продолжи:
„Треба знаење, но и среќа. ’Наредив’ 19 натпревари на тикетот, сакав да го уплатам за 100 денари, но кога видов дека евентуалната добивка надминува 600.000 денари, го поделив на два тикети по 50 денари. Кога сака-сака, Реал ми ја ’даде’ во 92-рата минута, Монако даде гол во 47-мата минута... Од цело коло од големите клубови ’киксираше’ Ливерпул, го осетив и не го пишав“.
„Се обложувам на сите спортови, фудбал, тенис, хокеј... Последните три натпревари на тикетот беа тенис, ме оставија без спиење. Последен беше прв сет на Вавринка - Федерер, не можев да го ’штитам’ тикетот и оставив на среќата, што на крај се покажа како правилен потег“, ни кажа Сашо.
„Се обложувам од времето кога се отворија првите обложувалници, од седум дена, најмалку во пет пишувам тикет, а во Sport Life сум редовен поради добрата понуда. Ова ми е убедливо најголема добивка, а претходно најмногу имам ’фатено’ 56.000 пред две години. Но, една ме има ’бутнато’ на еден тикет за 412.000 денари, и за тој тикет добив многу ваучери“, додаде Сашо.
„Во Типстер купот имам добиено ваучери за пласман во првите десет во месецот неколку пати, а овој iPhone  ми е прв подарок. Акцијата беше одлична, се надевам ќе има некоја слична, што е мотив плус да се обидам повторно да го имам најголемиот добитен коефициент“, заврши Сашо Мишевски.
Највисок коефициент на микс тикет (917,20) погоди Сашо Огњановски од скопски Сарај, а тикетот беше уплатен во Ѓорче Петров:
„Се обложувам од многу одамна и редовен играч сум во Sport Life. Досега имам добиено дрес минатото лето, во акцијата за еден промашен натпревар на тикет, тогаш ми ’избега’ голема добивка. iPhone телефонов ми е најголем подарок што го имам добиено“, почна четириесет и осумгодишниот Сашо.
„Главно уплаќам тикети за 20 денари, претходно имам добивка и од 49.000 денари. Добитниов тикет го уплатив на 31-ви јануари, ги следев претходните, видов дека најголем фатен коефициент беше околу 300. Ме чудеше што е толку низок коефициент, полесно е да се погоди поголем на микс тикет, доволно е да се додаде само еден натпревар од понудата за живо“, продолжи Сале.
„Чекав до самиот крај дали ќе има некој друг поголем тикет од мојот, но остана мојот коефициент. Се надевам дека ќе има некоја нова ваква акција, повторно да си ја пробам среќата“, заврши Сашо Огњановски.
Љупчо Грујоски од Струга го погоди најголемиот коефициент на тикет во живо - 414,75!
„Уплаќав регуларен тикет и ги видов натпреварите во понудата за живо. Имаше неколку хокеј натпревари каде што разликата во резултатот беше еден гол во последната третина, одбрав три и типував Х. Го додадов и Калмар, да постигне барем еден гол, и тој во 92-рата минута даде гол, што мислам дека пресудно да ми ’излезе’ тикетот“, ни изјави четириесет и едногодишниот Љупчо, кој е редовен играч во Sport Life обложувалници од самиот почеток.
„Уплаќам со картичка од Sport Life клубот и досега имам добиено ваучери како подарок во Типстер купот. Морам да ве пофалам за големата понуда на игри и разните опции за типување, навистина сте најдобри. Подарокот iPhone за најголемиот ’фатен’ коефициент е убав гест покрај добивката и се надевам и во иднина ќе имате слични акции“, додаде Љупчо.
На тројцата најуспешни типстери им честитаме на умешноста и им посакуваме многу среќа и во иднина, а сите останати ќе имаат многу можности во следните акции и промоции од тимот на Sport Life обложувалници.

Најнови вести