Корисничко име Лозинка Пријави се
22.11.2014

Пирло и Видал подготвени за Лацио

Лидерот во италијанската Серија А, Јувентус, ќе биде посилен за Андреа Пирло и Артуро Видал за саботното дерби со Лацио на „Олимпико“ во Рим.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, потврди дека одличниот тандем од средниот ред се враќа на теренот по повредите.
„Пирло закрепна и е подготвен за Лацио, исто како и Артуро Видал. Со нив двајцата во тимот сè ќе изгледа многу подобро. Малку сме ‘тенки’ во одбраната, но што е, тоа е. И натаму сме први на табелата и таа позиција сакаме да ја задржиме“, изјави Алегри.
Јувентус има три бода повеќе од второпласираната Рома и седум повеќе од третиот Наполи.
„Наполи е силен, без оглед на тоа што сега заостануваат седум подови зад нас, тоа лесно може да се надомести. Очекувам со Рома и со Јувентус да се борат за врвот. Враќањето на Роберто Манчини е голема добивка за италијанскиот фудбал. Тој е докажан стручњак кој ќе се бори за самиот врв на табелата. Манчини може да го придвижи Интер“, истакна Алегри.
Претстојното 12-то коло во Серија ќе го отвори денешниот дуел на Аталанта и Рома од 18 часот, а во 20:45 Јувентус во Рим ќе се сретне со Лацио. Утре Наполи му гостува на Калјари во 15 часот, а Интер и Милан го играат градското дерби во 20:45 часот.

Најнови вести