Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2011

Руиз, Жињак и Григера нови играчи на Фулам

Англискиот премиерлигаш Фулам, кој успеа да избори пласман во групната фаза во Лигата на Европа, во последниот ден од преодниот рок донесе солидни засилувања.

Така, за десет милиони евра го купија левоногиот напаѓач на Твенте, костариканскиот репрезентативец Брајан Руис, кој може да ја покрие секоја позиција во нападот, а на едногодишен заем пристигна и уште еден напаѓач, и тоа Андре-Пјер Жињак од Марсеј. За Руис се очекува да биде најплатениот фудбалер во историјата на клубот, а со тоа да го надмине Боби Замора, кој во моментот има плата од 50.000 евра неделно. Овие засилувања може да значат дека клубот ќе го напушти Американецот Клинт Демпси, за кого се заинтересирани некои англиски клубови, меѓу кои е и Арсенал.

Освен овие два напаѓачи, во клубот пристигна и искусниот репрезентативец на Чешка, Зденек Григера, кој го раскина договорот со Јувентус откако тренерот Антонио Конте му порача дека не е во плановите за оваа сезона на „старата дама“.

Тренерот на Фулам, Мартин Јол, е воодушевен од засилувањата и од сите очекува веднаш да покажат зошто се донесени, па затоа и за очекување е сите да бидат фрлени во оган уште во наредното коло, на 11-ти септември, по репрезентативната пауза, кога Фулам на домашен терен го пречекува Блекбурн.

Најнови вести