Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
12.7.2014

Марадона: Ќе поставам црвен килим за Меси

Легендарниот Диего Армандо Марадона истакна дека репрезентацијата на Аргентина не смеела да дозволи во Јужна Америка да се игра европско финале.

Тој нагласи дека со радост ќе признае дека Лионел Меси е подобар фудбалер од него, доколку капитенот на „Гаучосите“ го крене пехарот наменет за победниците на Мундијалот.
„Ако во недела Лионел Меси успее да го надмине Марадона и го крене трофејот, јас лично ќе му поставам црвен килим“, изјави Марадона.
Иако не одушеви со играта на Светското првенство, фудбалерот на Барселона секако е клучен играч на тимот од кого тргнува секој напад и кој мора да ја допре секоја топка.
„Тој ќе биде играчот кој ќе го дефинира натпреварот. Единствено се плашам дека е уморен, но кога ќе се стигне до финалето на Светското првенство тој замор не постои и мислам дека тој тоа го разбира“, додаде Марадона.
Големиот Диего ја нагласи важноста на пласманот на Аргентина во финалето на Светското првенство. 
„Не е невозможно да се победи Германија, Аргентина може тоа да го стори. Против Алжир видовме една Германија, против Бразил друга. Очекувавме Бразил да биде во финалето, но тоа не е важно. Важно е дека оваа екипа го врати значењето на дресот на Аргентина. Моравме до финале, едноставно не е можно да гледаме европско финале во Јужна Америка, моравме да го претставуваме континентот. Едноставно, не смеевме да и дозволиме на Холандија да влезе во финалето“, заклучи Марадона.

Најнови вести