Корисничко име Лозинка Пријави се
22.4.2014

Мојс доби отказ во Јунајтед, Гигс привремен тренер

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед утрово објави дека Дејвид Мојс ги напушти „црвените ѓаволи“, а клубот до крајот на сезоната ќе го води сегашниот играч-тренер, Рајан Гигс.

Заминувањето на шкотскиот стручњак беше најавено уште вчера, а веќе повеќе седмици се шпекулира дека е само прашање на време кога ќе го напушти клубот поради лошите резултати од почетокот на оваа сезона.
„Клубот би сакал да му се заблагодари на Мојс за вредното работење, искреност и интегритет што го внесе во својата работа“, стои во соопштението на Јунајтед.
Мојс минатото лето на клупата на „црвените ѓаволи“ го замени Алекс Фергусон, кој замина во пензија, и од него се очекуваше дека ќе продолжи таму каде што застана неговиот сонародник.
Но, следуваше низа од разочарувачки резултати - лоши резултати посебно на „Олд Трафорд“ во Премиер лигата, рана елиминација во ФА купот и во полуфиналето на Лига купот. „Црвените ѓаволи“ уште на половина на сезоната се збогуваа од одбрана на титулата, а минатиот викенд дефинитивно и од пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона.
Капката која ја прели чашата за семејството Глејзер, сопственик на Јунајтед, беше поразот од Евертон со 2-0 минатиот викенд. Тоа беше 11-ти пораз на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата оваа сезона, па сега наоѓаат на седмото место на табелата и со мали шанси да изборат место во Европа наредната сезона. Јунајтед моментно има 57 бодови, 12 помалку од Евертон на петтата позиција, која води во Лигата на Европа, а до крајот на сезоната го чекаат уште четири натпревари.
Но, бидејќи Манчестер сити го освои Лига купот, и шестопласираниот би требало да оди во Лигата на Европа, а таа позиција моментно ја држи Тотенхем, кој има шест бодови повеќе.


Најнови вести