Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2014

Дали Мојс ќе му одржи лекција и на непослушниот Руни?

Само по неколку дена откако Мојс ги казни Том Клеверли, Дени Велбек и Ешли Јанг поради забавата до доцните часови, и веднаш по враќањето на екипата од Минхен по елиминацијата од Баерн во Лигата на шампионите, Вејн Руни тера по свое, па приреди реприза.

Напаѓачот на Манчестер јунајтед очигледно не се плаши многу од евентуална казна од страна на шефот на стручниот штаб или за него не важат правилата како за останатите членови на екипата. Тој во вторникот по 23 часот бил забележан со агентот како излегува од еден ресторан во Манчестер, пренесува „Дејли мејл“.
Клеверли, Велбек и Јанг лудувале до раните утрински часови со девојките по ноќните клубови, еден ден откако „црвените ѓаволи“ го завршија натпреварувањето во Лигата на шампионите. Фотографите сето тоа го овековечија, а Мојс ноќните птици ги почести со дополнителни тренинзи.

Најнови вести