Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2013

Мекарти, Бери и Лукаку потпишаа со Евертон

Откако го пуштија белгискиот играч за врска Маруан Фелаини во Манчестер јунајтед, во Евертон се погрижија да пронајдат замена за него.

Од Виган, за оштета од 13 милиони фунти, дојде 22-годишниот ирски репрезентативец Џејмс Мекарти, додека од Манчестер сити на едногодишен заем е доведен поранешниот 32-годишен англиски репрезентативец Герет Бери. Во текот на вчерашниот ден Евертон потврди дека од Челзи на заем го доведе белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку.
Мекарти претходно играше за шкотскиот Хамилтон, а минатата сезона во дресот на Виган во Премиер лигата настапи 38 пати и постигна три погодоци и две асистенции.
Бери, пак, 12 години играше за Астон вила, а последните четири сезони ги помина во Сити. Во минатата сезона одигра 31 премиерлигашки натпревар и постигна еден гол и четири асистенции.
Робусниот напаѓач Ромелу Лукаку беше одличен минатата сезона на позајмицата во Вест бромич каде 17 пати се запиша на листата на стрелците, но Мурињо се реши повторно да го прати на заем.

Најнови вести