Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2012

Почина Маноло Пресијадо, новиот тренер на Вилјареал

Во педесет и петтата година од срцев удар ноќва почина новоизбраниот тренер на Вилјареал, Маноло Пресијадо.

Пресијадо последниве години до јануари годинава беше тренер на Спортинг Хихон, кого го водеше од 2006 година, а почина само по еден ден откако договори соработка со Вилјареал. Утре требаше да биде официјално претставен како тренер на „жолтата подморница“, која во сезонава што заврши го загуби прволигашкиот статус.
Како фудбалер Пресијадо играше во одбраната, а најдлабока трага остави во Сантандер. Тренерската кариера ја почна во Химнастик во 1995 година, а потоа беше тренер на Сантандер (во два наврати), Леванте и Мурсија.

Најнови вести